Русија и Кина одржуваат заедничка воена вежба во северна Кина, во која учествуваат повеќе од 10.000 војници, објави денеска руското Министерство за одбрана.
Според „Ројтерс“, воената вежба „Сибу / соработка-2021“ во кинескиот регион Нингсија е сигнал дека Кина и Русија ја прошируваат воената соработка.
Рускиот весник „Комерсант“ пишува дека вежбите ќе траат до петок и дека ова е првпат руски војници да користат кинеско оружје.
Русија и Кина организираат заеднички воени вежби од 2005 година.
Москва испрати борбен авион „Сухој Су-30СМ“ и системи за ПВО на вежба фокусирана на борбата против тероризмот, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.