Голема количина нафта се излеа во Индискиот океан и на плажа во Тајланд

пред 2 години

Провинциските власти во источниот дел на Тајланд прогласија вонредна состојба откако големо количество нафта се излеа од подводна цевка во Индискиот Океан и на една плажа.

Се проценува дека околу 20-50 тони нафта истекле во вторникот вечерта во тајландскиот залив од подводна цевка, која се користи за товарење танкери на море, сопственост на приватната компанија „Стар петролеум рафининг“, пренесува АП.

Протекувањето било запрено за неколку часа, соопшти компанијата, но обидите да се спречи нафтата да стигне до плажата во провинцијата Рајонг, југоисточно од Бангкок, биле неуспешни, па гувернерот на таа провинција денеска ја прогласи погодената плажа за област на катастрофа и нареди да се затвори за капење и други активности.

Поголемиот дел од нафтата остана на водата и постои загриженост дека може да стигне до островот Ко Самет, популарна туристичка дестинација која штотуку почна да закрепнува од ефектите на пандемијата на коронавирусот заедно со остатокот од земјата.

Според властите, во моментов околу 200 припадници на морнарицата и 150 вработени од „Стар петролеум“ помагаат во отстранувањето на нафтената дамка и санирањето на штетите.

Share
Scroll to Top