Австриските власти разбија мрежа на трговци со дрога во која учествувале лица од Албанија и Косово. Запленети биле наркотици, пари и автомобили, јавуваат регионалните медиуми.
Истрагата утврди дека уапсените Албанци биле на возраст меѓу 18 и 48 години и дека биле вклучени во трговија со дрога.
Наркотиците според истрагата се продавале во кафулиња, понекогаш на улица или во автомобили, додека зделки биле склучувани во возила.
При претресот на становите, откриени биле стебла со канабис тешки околу 80 килограми, 3.1 килограм кокаин и 204.000 евра. Полицијата заплени и три возила, пренесуваат медиумите.