Голема рација во Германија – 800 полицајци со оклопно возило упаднаа во простории на мотоциклистичка група

пред 3 години

Околу 800 полицајци провалиле во клупската куќа и становите на членовите на моторџиска група „Пеколни ангели“ во Германија.

Рацијата била спроведена во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, а полицијата ја започнала акцијата во потрага по нови докази во врска со брутално убиство на еден од членовите на групата, извршено во 2014 година, пишува „Дојче веле“.

Интервентната полиција и специјалните сили користеа оклопно возило и извршија претрес во најмалку 20 згради, велат службениците во Дуизбург и Менхенгладбах.

Рациите резултираа со апсење на едно лице. Главниот осомничен, истакнат член на „Пеколните ангели“ во Оберхаузен, избегал во странство.

За самото убиство, што беше причина за рацијата, се пишуваше и порано. Во 2014 година, минувачи ја открија отсечената и тетовирана рака на жртвата во реката Рајна, а два месеци подоцна беше пронајдено телото на еден човек. Се верува дека човекот е убиен затоа што неговите колеги од „Пеколни ангели“ верувале дека соработува со полицијата.

Покрај убиството во 2014 година, членовите на групата се осомничени и дека се вмешани во два обида за убиство во 2013 година. Пребарувања имало и во Леверкузен и Милхајм, исто така во Северна Рајна-Вестфалија.

Share
Scroll to Top