Големите земји од ЕУ се подготвуваат да го платат рускиот гас во рубли, тврди „Фајненшл Тајмс“

пред 2 години

„Фајненшл Тајмс“ (ФТ) објави дека некои од најголемите европски увозници на гас се подготвуваат да се согласат со барањето на Владимир Путин да го платат гасот во руски рубли.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

За потсетување, рускиот потег од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, беше оценет како уцена.

Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да го користат новиот систем за плаќање на рускиот гас што го бара Кремљ. Критичарите велат дека таквиот потег ќе ги поткопа европските санкции кон Русија, како и единството на Европската унија и на крајот ќе одлее милијарди во руската економија.

Британскиот весник, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубли кај „Гаспромбанк“ во Швајцарија за да го задоволат барањето на Русија за плаќање на гасот во таа валута.

Групата ги вклучува двата најголеми увозници на руски гас – германски „Унипер“ и австриски ОМВ, наведува „Фајненшл тајмс“.

Share
Scroll to Top