Француските пожарникари се борат да го спречат големиот шумски пожар во регионот Вар во јужниот дел на земјата, додека министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин изјави дека ќе ја посети областа за да ја следи ситуацијата.
Властите ги повикаа луѓето да бидат што подалеку од пожарот, во близина на селото Гонфарон, околу 50 километри западно од туристичкиот град Св.Тропеза.
Канадери беа испратени во регионот каде беа изгорени околу 5.000 хектари земја и од каде што камповите беа евакуирани, изјави претставник на локалната власт.
Противпожарната бригада во Вар во раните утрински часови објави фотографија на својот профил на Твитер на која се гледа светлото црвено небо.
Дарманин рече дека ќе оди во Гонфарон и дека потребното засилување ќе биде испратено што е можно поскоро за да се заштити населението.
Есктремни топлотни бранови погодија голем дел од брегот на Медитеранот во последните недели. Два шумски пожари, поттикнати од силните ветрови, излегоа од контрола во понеделникот во близина на Атина, принудувајќи ги тамошните села да се евакуираат.