Голем број Украинци се уште се кријат во метрото, не знаејќи што се случило со нивните домови

пред 2 години

Тажни фотографии од станицата на метрото во Харков, каде засолниште нашле многу Украинци.

Илјадници жители на Харков во Украина се засолниле во станиците на метрото во североисточниот град, а некои се таму од почетокот на инвазијата.

Десет милиони луѓе сега ги напуштија своите домови во Украина поради руската инвазија, соопшти Генералното собрание на Обединетите нации за бегалци, пишува Би-Би-Си.

Денеска е 34-ти ден од почетокот на руската инвазија на Украина, а според претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, загинале 143 деца.

Share
Scroll to Top