Пожар избувна во фабрика за производство на кеси во селото Брњица, во општина Приштина.
Синот на сопственикот на фабриката, Ндерим Бериша, рече дека вредноста на штетата е проценета на наед еден милион евра.
Бериша вели дека сè уште не е позната причината за пожарот и дека истражителите работат на случајот, пренесува Косово онлајн.
„Штетата е прилично голема. Имаме околу 30 вработени. Во времето на пожарот во фабриката имаше втора и трета смена, во 17 часот. Имаше седум или осум работници, но за среќа никој од нив не беше повреден. Важно е сите да бидат добро. „Штетата е од еден милион до 1,5 милиони евра. Тоа е вредноста на материјалите и автомобилите што беа таму. Ние започнавме со производство на кеси во 2004 година”, рече Бериша.