Голем хакерски напад во Украина – паднаа сајтовите на Владата и Министерството за надворешни работи

пред 3 години

Неколку украински државни веб-страници, вклучително и веб-страницата на Владата и на Министерството за надворешни работи, се недостапни, објави попладнево „Ројтерс“.

Украинските власти оваа недела соопштија дека виделе онлајн предупредувања дека хакери подготвуваат напади од големи размери врз владините агенции, банките и одбранбениот сектор, пренесе британската агенција.

Во екот на кризата во и околу Украина, Киев ја обвинува Москва за сајбер напади, додека Русија ги отфрла тие обвинувања.

Share
Scroll to Top