Украинските трупи го напаѓаат северозападниот дел на Доњецк, рече денеска градоначалникот Алексеј Кулемзин.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Тој на својот Телеграм канал наведе дека „Под оган од украинските вооружени сили е Киевската област во Доњецк“.
Како што соопшти претставништвото на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) во Заедничкиот центар за контрола и координација, во 08.20 часот по локално време вооруѓени сили на Украина испукаа шест гранати со калибар 152 милиметри на Киевската област во Доњецк.
Еден час подоцна украинските сили испукале уште 22 проектили во тоа подрачје од градот, како и 12 проектили со калибар 155 милиметри.
Според наводите на РИА Новости, Доњецк во понеделникот беше под најинтензивно гранатирање уште од 2015 година. Загинаа цивили, а десетици луѓе се повредени.