Градоначалникот на Северодонецк изјави дека руските сили целосно го окупирале овој стратешки важен град во источна Украина по неколку недели бомбардирање.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Градот сега е под целосна контрола на Русија. Тие сега се обидуваат да го воспостават својот ред и го назначија својот командант“, рече градоначалникот на Северодонецк, Олександр Стрјук, пренесува „Ројтерс“.
Руските сили и силите на самопрогласената Луганска народна република влегоа и во Лисичанск, а борбата моментално се води внатре во градот, изјави денеска извор близок до Народната милиција на Луганск.
„Напредокот во Лисичанск продолжува. Борбите веќе се водат внатре во населбата. Прерано е да се каже колкав дел од градот е под наша контрола во моментов, но заедничките сили во градот напредуваат доста брзо“, вели неименуван извор, пренесува ТАСС.
Офицерот на Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република, Андреј Марочко, претходно денеска рече дека неколку градски компании се под контрола на руските сили и силите на ЛНР, пренесе ТАСС.