Гранатиран пункт за евакуација на цивили во близина на Киев

пред 2 години

Утрово беше гранатиран пункт за евакуација на цивили кои се обидуваа да побегнат од областа Ирпин западно од Киев. Меѓународните медиуми снимале на местото кога паднало нешто што личело на артилериска граната.

Во тој момент низ контролниот пункт поминувала колона цивили. Медиумските организации на местото на експлозијата кај Ирпин велат дека загинале најмалку тројца цивили, меѓу кои и две деца.

Се’ уште нема потврдени податоци за бројот на жртвите.

Share
Scroll to Top