Гретa Тунберг повика на климатски протест во Глазгов: „Нема повеќе бла, бла, бла“

пред 3 години

Шведската активистка Грета Тунберг повика на протест во Глазгов, каде што е во тек самитот за климатски промени.

„ Времето истекува. Промената нема да дојде од конференции како COP26, освен ако има голем јавен притисок надвор. Дојдете на климатскиот штрајк овој петок и климатскиот марш во сабота за да се слушне вашиот глас. Заедно сме посилни“, напиша таа на Твитер“.

Во понеделникот во Лондон се одржа митинг, на кој активисти за заштита на животната средина изјавија дека светските лидери на самитот COP26 само се преправале дека сериозно ги сфаќаат климатските промени.

„ На самитот има само политичари и моќници кои се преправаат дека сериозно ја сфаќаат нашата иднина. Велиме нема повеќе „бла бла бла“, нема повеќе експлоатација на луѓето, природата и планетата“ рече Грета во понеделникот.

Самитот се одржува во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, а целта е земјите да се обединат во забрзување на акциите за реализација на целите од Парискиот договор и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.

Share
Scroll to Top