Грција им нареди на лекарите од приватниот сектор во поширокиот регион во Атина да му помогнат на јавниот здравствен систем во борбата против зголемувањето на бројот на новозаразаени со коронавирус, вели министерот за здравство Василис Кикилиас.
Владата претходно ги повика лекарите во приватниот сектор да помогнат бидејќи грчките јавни болници се преполнети од зголемувањето на бројот на новозаразени пациенти со Ковид-19 и имаат помалку легла во единиците за интензивна нега.
Потребни се 200 лекари, велат грчките власти.
„Министерството за здравство со недели испраќаше повици, апелирајќи до приватните лекари да им помогнат на болниците за време на третиот бран на пандемијата со Ковид-19. „За жал, многу малку од нив дојдоа“, рече Кикилиас.
„Земајќи ги предвид вонредните услови, Министерството за здравство им наложува на лекарите специјалисти, пулмолозите и општите лекари да ги даваат своите услуги“, рече тој.
Грција забележа 1.514 нови инфекции, а 41 лице почина од ефектите на Ковид-19 вчера.