Грција ќе достави по 20.000 вакцини во Македонија и Албанија

пред 3 години

Грција ќе им достави вкупно 40.000 дози вакцини против Ковид-19 на соседите Албанија и Северна Македонија, изјави денеска портпаролот на грчката влада.

„Грција, во координација со Европската комисија, како што прават повеќето европски земји за своите соседи, ќе понуди вакцини … 20 000 дози за Северна Македонија и 20 000 дози за Албанија“, рече на прес-конференција портпаролката Аристотелија Пелони.

Пелони не прецизираше кога тоа ќе се случи.

Share
Scroll to Top