Грциja ја продолжи забраната за влез за странски државјани

пред 3 години

Властите во Грција одлучија да ги продолжат мерките што важат за влез на странски државјани во таа земја до 22 февруари, пренесуваат грчките медиуми.

Мерките во Грција се засилени, а воведен е полициски час од 18 до 6 часот наутро.

Претходно денеска, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција најави ново продолжување на ограничувањата на домашните летови до 15 февруари и меѓународните летови до 22 февруари.

Што се однесува до домашните летови, дозволено е само неопходно патување на сите аеродроми во земјата, што вклучува патувања од здравствени причини, за деловни цели, од објективни семејни причини (обединување на семејството) и враќање на луѓето кои имаат постојан престој, објави грчката новинска агенција АНА.

Share
Scroll to Top