Грчките острови ќе бидат поврзани со копното со хидроавиони

пред 3 години

Воздухопловната компанија „Grecian Air Seaplanes“ најави дека ќе воведе летови со хидроавиони во септември за подобро поврзување на островите со копното, откако пристаништата добија дозволи за овој вид на транспорт.

Во почетната фаза, флотата ќе вклучува три хидроавиони со 19 седишта, кои ќе летаат од пристаништата на Јонското Море, а со текот на времето нивниот број треба да се зголеми.

Хидроавионите можат да функционираат како дополнување на другите превозни средства, вклучувајќи траекти и стандардни авиони, а исто така можат да се користат за чартер летови, медицински превоз и товарни услуги, истакнува „Ројтерс“.

Грција има вовлечено крајбрежје од 16.000 километри кое е идеално за услуги со хидроавиони. Превозниците може да го подобрат пристапот до многу туристички дестинации и слабо поврзани острови, што би го зајакнало туризмот.

Компанијата соопшти дека планира да ги прошири деловните активности паралелно со издавање лиценци на пристаништата на островите во Јонското Море, вклучувајќи ги Крит, Киклади, Споради и Додеканези.

 

Share
Scroll to Top