Володимир Салдо, гувернер на окупираниот Херсон во јужна Украина назначен од Русија, рече дека регионот наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Салдо напиша на Телеграм дека регионот ќе стане „Херсонска област на Руската Федерација“.
Неговиот заменик Кирил Стремусов напиша дека граѓаните ќе можат да аплицираат за руско државјанство во наредните недели кога ќе се стабилизира ситуацијата.
Украинските власти постојано предупредуваат дека Москва планира лажен референдум за независност во Херсон, но и на други места, пренесе Нова.рс.