„Гугл“: Руски хакери се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО

пред 2 години

Во извештајот на Google групата, Threat Analysis, се наведува дека руски хакери неодамна се обиделе да упаднат во мрежите на НАТО и армиите на некои источноевропски земји.

Google објави дека обидот за сајбер напад го извршила група со седиште во Русија наречена Колдрајвер или Калисто. Но, во извештајот не се наведува кои армии биле цел на она што се опишува како „кампања за кражба на идентитет“.

„Гледаме злонамерни сајбер активности секој ден“, се вели во извештајот.

Share
Scroll to Top