„Гугл“ со 300 медиуми во ЕУ се договори да плаќа за содржина

пред 2 години

„Гугл“ објави дека постигнал договор со повеќе од 300 медиуми во шест земји од Европската унија да плати за нивната содржина, најавувајќи понуди и за медиумите во други земји-членки на ЕУ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Издавачите се меѓу најжестоките критичари на „Гугл“ и долго време ги повикуваат владите да го регулираат плаќањето на надомест за медиумски содржини објавени на дигиталните платформи.

Австралија пропиша исплатата минатата година, а сличен закон стапи на сила во Канада во април.

Сулина Конал, директорка на одделот за медиуми на „Гугл“, на својот блог објави дека со триста медиумски компании од групата земји од Европската унија се договориле да плаќаат за содржини.

„Договорите што ги постигнавме досега опфаќаат повеќе од 300 национални, локални и специјализирани медиумски публикации во Германија, Унгарија, Франција, Австрија, Холандија и Ирска, а и понатаму многу се дискусира“, напиша во вторникот директорката на „Гугл“.

Конал не прецизираше колку им плаќаат на медиумите, а деталите треба да бидат објавени во текот на денот. Германските медиуми сочинуваат две третини од групата и ги вклучуваат неделниците Der Spiegel и Die Zeit и дневниот весник Frankfurter Allgemeine Zeitung.

Шефицата на „Гугл“ најави и нова алатка, која ќе им понуди договори на други издавачи во ЕУ во наредните месеци, почнувајќи од Германија и Унгарија.

Алатката ќе им понуди на издавачите проширен договор за преглед на вести што ќе му овозможи на „Гугл“ да прикажува исечоци и најави на вести преку плаќање на надоместок.

Share
Scroll to Top