Гутереш го осуди руското бомбардирање на училиштето во кое загинаа 60 луѓе

пред 2 години

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, издаде изјава во која вели дека е ужаснат од бомбардирањето на училишното засолниште во Билохоривка, во кое загинаа 60 луѓе, според Володимир Зеленски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Генералниот секретар е ужаснат од нападот што беше извршен на 7 мај на училиште во Билохоривка во Украина, каде што се чини дека многу луѓе побараа засолниште од тековните борби – изјави портпаролот на Гутереш, Стефан Дизарик.

Гутереш истакна дека цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војна.

Да потсетиме, Русите бомбардираа училиште во селото Билохоривка кое служеше како засолниште.

Регионалниот гувернер Сергеј Гајдаи изјави дека 60 лица кои се сокриле таму се водат како исчезнати, додека Зеленски рече дека во тоа засолниште загинале 60 лица, пренесуваат мадиумите.

Share
Scroll to Top