Гутереш: САД и Иран да најдат решение за нуклераниот договор

пред 3 години

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш ги повика Вашингтон и Техеран да соработуваат со цел исполнување на нуклеарниот договор.Администрацијата на новиот американски претседател Џо Бајден објави дека е подготвена да ги врати САД на договорот од кој ги повлече Доналд Трамп во 2018 година, но Вашингтон и Техеран очекуваат другата страна да го направи првиот чекор.

„Има многу работа, не очекувам итно решение“, рече шефот на ООН на прес-конференција за можноста тој да посредува за решение за излез од ќорсокакот. „Верувам дека сите оние кои го потпишаа договорот и другите засегнати страни мора да работат заедно за да се намали неизвесноста и да се соочат со тешкотии и пречки“, додаде тој.

Договорот е склучен во 2015 година за да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје меѓу САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија и беше голема дипломатска победа и важен фактор за мир и стабилност на Заливот.

Share
Scroll to Top