Дачиќ: Талибанците три пати беа во Белград, но тоа беше тајна

пред 3 години

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека мировните преговори меѓу властите на Авганистан и талибанците биле организирани во Белград пред неколку години.

Тој посочи дека тоа било во времето кога тој бил министер за надворешни работи на Србија, а разговорите биле организирани со дозвола на претседателот Александар Вучиќ. Дачиќ објасни дека ова е првпат јавно да се зборува за тоа, бидејќи таков бил договорот.

„ Тие дојдоа трипати, јас бев нивни домаќин, сегашниот претседател на Авганистан беше на видео-врска. Имаше претставници на Авганистанскиот мировен совет и некои претставници на талибанците, односно нивните фракции. Тие разговараа овде трипати, но подоцна беа преземени од големите сили кога видоа дека ние го правиме тоа – рекоа „ќе го сториме тоа во Доха, во Катар. Резултатот се гледа“, рече Дачиќ за ТВ Пинк.

Тој нагласи дека Србија не се меша во тие преговори.

„ Атмосферата беше исправна и заедничка проценка беше дека во тоа време е постигнат напредок, прогласено е примирје“ додаде тој.

Србија како домаќин на тие мировни преговори, според Дачиќ направила добра приказна за себе со Авганистан, во смисла дека двете страни им се благодарни.

„ До денес никогаш не сум зборувал за тоа никаде, бидејќи се договоривме дека тоа треба да биде тајна, односно да не се објавува за да не се расипат преговорите“, рече Дачиќ.

Тој нагласи дека под американска доминација, „марионетскиот режим“ во Кабул бил меѓу првите што го призна Косово како независно, бидејќи тоа било нивна домашна задача и прашањето е дали друг режим таму ќе го стори тоа.

„ Западната хемисфера доби шлаканица во Авганистан, тие не очекуваа дека ќе се случи сето ова, она што го гледаме“, рече Дачиќ.

Тој, исто така, рече дека во Авганистан, во присуство на силите на НАТО, производството на хероин е стократно зголемено, наведувајќи дека, меѓу другото, така се финансира и движењето на талибанците.

Share
Scroll to Top