Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во тешка состојба

Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во тешка состојба

пред 2 години

Повредените при падот на натстрешникот на железничката станица во Нови Сад, пациентот Ц.  В. (18) и пациентката М. Т. (24), сè уште се на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина и се во тешка, но стабилна здравствена состојба, соопштија денеска од КЦВ.

„Тие се свесни и дишат спонтано. Мултидисциплинарен консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции и психолошка поддршка, која е постојано присутна“, се вели во соопштението.

Во несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица кога врз нив се урна армирано-бетонски натстрешник од неодамна реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, објави „Нова.рс“.

Текстот Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад сè уште се во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top