Двајца повредени со нож во Швајцарија, се утврдува дали е терористички напад

пред 4 години

Две лица се повредени, а едно лице е уапсено во можен терористички напад во стоковна куќа во Швајцарија, пренесува швајцарски РТС.

Швајцарската полиција соопшти дека нападот со нож во трговска област во вторникот попладне во градот Лугано се истражува како можен терористички напад и дека првоосомничениот уапсен на местото на настанот е поврзан со џихадистички екстремизам. Уапсената 28-годишна жена, за која се тврди дека е швајцарска државјанка, во вторникот нападнала две жени во стоковната куќа во Лугано. РТС пренесува дека таа ја фатила едната жена за вратот, а другата ја избодела со ножот.

Едната жртва има сериозни, но не и опасни по живот повреди. Напаѓачката била совладана од случајни минувачи кои чекале да пристигне полицијата.

Швајцарската полиција одржа прес-конференција, откривајќи дека нападот со нож е повеќе од случајно насилство и можеби имал терористички мотив. Осомничената веќе ѝ била позната на полицијата и била предмет на истрага за џихадистичка радикализација во 2017 година.

Германскиот радиодифузер „Дојче веле“ обезбеди дополнителни информации, известувајќи дека сведоците на нападот оти дека сторителката изразила верност ко Исламска држава додека била приведувана. Главниот швајцарски извор „20Minutes“ известува дека осомничената извикувала „Алаху Ахбар“. Овие тврдења сè уште не се потврдени или негирани од швајцарските власти.

Нападот во Лугано следи по неколку други смртоносни напади во Европа, вклучително и неодамнешните нападите во Франција и во Австрија. Додека во минатото западните лидери реагираа на масовните напади со изрази на солидарност во јавноста, а водеа контратерористички акции во тајност, од неодамна осудите се  посилни.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија нација неодамна беше мета на смртоносен исламистички напад со оружје, беше првиот меѓу меѓународните лидери што го осуди нападот. Тој на Твитер напиша дека Австрија стои со Швајцарија и дека ќе има заеднички одговор на исламистичкиот тероризам во Европа.

Курц се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон претходно овој месец за да разговара за нивниот заеднички одговор на терористичките напади. Говорејќи за време на состанокот, Курц предупреди дека во ЕУ има илјадници странски борци и рече дека европските народи се во постојана опасност од терористички напади.

Двајцата лидери изјавија дека ќе се фокусираат на зајакнување на надворешните граници на Европа, истакнувајќи дека ако не се зајакне довербата на јавноста во ваквата заштита, отворените внатрешни граници на Европа ќе започнат да се затвораат како резултат.

Share
Scroll to Top