Двајца работници загинаа во пожар во рафинерија во Кувајт

пред 3 години

Двајца работници загинаа, а петмина се тешко повредени денеска во пожар во најголемата нафтена рафинерија во Кувајт, соопшти Националната нафтена компанија.

Во соопштението се прецизира дека во пожарот загинаа двајца работници од Азија.

Од компанијата изјавија дека пожарот избувнал во блокот за претворање на гас во течност, кој бил вон функција.

Share
Scroll to Top