Двајца украински војници загинаа, а 12 се ранети во источна Украина

пред 2 години

Властите во Киев денеска соопштија дека двајца украински војници загинале, а 12 се ранети во гранатирање што го извршиле проруските сили во источна Украина во изминатите 24 часа, во време кога се зголемува бројот на прекршувања на примирјето.

Армијата на својата страница на „Фејсбук“ објави дека забележала 84 случаи на гранатирање од страна на силите на самопрогласените републики, кои, како што соопшти, отвориле оган врз околу 40 населени места долж линијата на фронтот користејќи тешка артилерија, пренесе „Ројтерс“.

Од друга страна, Народната милиција на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) во понеделникот објави дека единиците на украинските вооружени сили 25 пати ја гранатирале територијата на ЛНР и дека за 24 часа биле нападнати 19 населени места, пренесува ТАСС.

Share
Scroll to Top