Две години без одговори за трагедијата во Нови Сад, студентите организираат комеморативен собир

Две години без одговори за трагедијата во Нови Сад, студентите организираат комеморативен собир

пред 3 часа

Две години по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 лица, меѓу кои и три деца, денеска во градот ќе се одржи комеморативен собир во спомен на жртвите, во организација на студентите.

Повик за учество упатија и од неформалната група „Студенти во блокада – Белград“, преку објава на нивниот профил на Фејсбук.

„Студентите ве повикуваат во недела, 1 ноември 2026 година, да присуствувате на комеморативниот собир посветен на жртвите од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Заедно да го зачуваме сеќавањето на загинатите“, наведуваат студентите.

Собирањето ќе се одвива на три локации во Нови Сад: кај Медицинскиот факултет, во Лиманскиот парк и на пристапот до Дуговиот мост.

Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година, во 11:52 часот. На местото загинаа 14 лица, а три беа тешко повредени. Две од нив подоцна им подлегнаа на повредите.

Во трагедијата животот го загубија вкупно 16 лица.

Текстот Две години без одговори за трагедијата во Нови Сад, студентите организираат комеморативен собир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top