Девет деца загинаа во експлозија во Авганистан

пред 3 години

Во експлозија во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан загинаа девет деца, а четири се ранети, соопшти денеска канцеларијата на гувернерот.

Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила кога количка на која се продавала храна, удрила стара минофрлачка граната во областа Лалопар, во источната провинција Нагархар, пренесува агенцијата АП.

Американската агенција во извештајот наведува дека други детали за оваа несреќа не се веднаш достапни.

Share
Scroll to Top