Девет цивили, меѓу кои две деца, загинаа во руски воздушен напад во Суми

пред 3 години

Најмалку девет цивили, меѓу кои две деца, загинаа во воздушен напад на руската војска врз украинскиот град Суми, јавува Анадолија.

Украинската служба за итни случаи соопшти дека руски воени авиони синоќа го бомбардирале Суми.

Соопштено е дека биле погодени и уништени два објекти на градските улици Роменска и Спартак, а во нив избувнале и пожари.

Под урнатините се пронајдени тела на девет цивили, од кои две деца.