Девојката што почина во Белград ја малтретирале поради изгледот: се надевала дека операцијата ќе ѝ го промени животот

Девојката што почина во Белград ја малтретирале поради изгледот: се надевала дека операцијата ќе ѝ го промени животот

пред 4 месеци

Морган Рибеиро (20), која со години била малтретирана поради изгледот, почина во Белград по неуспешната операција за намалување на стомакот во Турција. Таа починала во Белград откако ѝ се слошило во авионот додека се враќала кон дома.

На Морганѝи се слошило во авионот додека со своето момче Џејми се враќала дома од Истанбул. Авионот принудно слетал во Белград, каде што било откриено дека има инфекција и дека ѝ е исечено тенкото црево при операција на желудникот, која чинела 3.000 евра. Морган почина на 13 јануари.

Според „Мирор“, Морган отпатувала во Турција на операција за намалување на желудникот со надеж дека тоа ќе стави крај на малтретирањето со тежината, што ѝ го уништило животот.

Неколку дена пред операцијата таа го објави последното видео на „Тик-ток“.

„Мојата последна објава пред операцијата за слабеење – се гледаме од другата страна“, пишува на видеото.

На 9 јануари Морган доживеа срцев удар и почина четири дена подоцна во 4 часот наутро.

Тоа беше првпат Морган да отпатува во странство, пишува „Мирор“.

Текстот Девојката што почина во Белград ја малтретирале поради изгледот: се надевала дека операцијата ќе ѝ го промени животот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top