Девојче од Пенсилванија починало откако со месеци било мачено од нејзиниот татко и маќеа, пишува „Дејли мејл“.
Малинда Хогланд (12) беше пронајдена „едвај жива“ од полицијата на 4 мај, откако нејзиниот татко Рендал Хогланд се јавил на 911. Тврдел дека со велосипедот удрила во дрво. Малинда, која тежела само 22 килограми, починала неколку часа по пристигнувањето во болница. Персоналот бил шокиран од нејзината физичка состојба. Имала модринки, скршеници и оштетен црн дроб.
Хогланд (52) и неговата свршеница Синди Ворен (45) беа обвинети за нејзината смрт два дена подоцна.
„Дејли мејл“ ги прегледа објавите на парот на социјалните мрежи. Тие забележале дека таткото престанал да објавува фотографии од неа на почетокот на јануари, но продолжиле да објавуваат фотографии од синот Гевин, за кој полицијата вели дека не бил малтретиран. Девојката, пак, на последните фотографии кои ги објавил нејзиниот татко изгледала слабо, а нејзината рака изгледала покриена со модринки.
Маќеата на девојчето во 2009 година се изјаснила за виновна, затоа што не го спречила нејзиниот поранешен сопруг да го претепа неговиот тригодишен син Исаја. Тој е осуден на затворска казна за злоупотреба на момчето, но и за убиството на двегодишната ќерка од претходната врска.
Полицијата соопшти дека Малинда престанала да оди на училиште во декември и често била врзана за мебелот во подрумот. Се појавувала на онлајн предавања, но била врзана за да не се гледа на камерата.
На видеата, кои парот ги избришал, наводно се гледал степенот на малтретирање на девојката. На некои од нив Малинда била принудена да спие на под, без перница или ќебе. И кажале дека не треба да очекува појадок, ручек или вечера. Тие, исто така, ги избришале пораките пред да се јават на 911. Меѓутоа, полицијата успеала да ги врати пораките во кои разговарале за нејзината влошена здравствена состојба.
И двајцата се обвинети за обид за убиство, напад и киднапирање, а истражителите велат дека се можни дополнителни обвиненија.
Текстот Девојче од Пенсилванија починало откако со месеци било мачено од нејзиниот татко и маќеа е превземен од МАКФАКС.