Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска

Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска

пред 9 месеци

Училиштата во Финска добија лажни закани за бомби, изјави комесарот за криминал во округот Усима, Сами Хеикила, еден ден по пукањето во основно училиште во градот Ванта, во кое загина еден ученик.

Тој изјавил дека информацијата стигнала до полицијата преку центрите за итни случаи и социјалните мрежи, пренесува финскиот јавен сервис YLE.

Хеикила додаде дека сите пријави се лажни, но посочи дека полицијата морала да спроведе големи акции.

Текстот Ден по пукањето, лажни закани за бомби во училиштата во Финска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top