Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

пред 3 месеци

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се случи во Јабланица и во околните населени места.

Според официјалните информации, досега животот го загубиле 18 лица, а по голем број се уште се трага.

Сепак се појави и една добра вест, спасувачите пронашле дете под урнатините на неговата семејна куќа. Успеале да го извлечат и итно бил пренесен во болница.

Момчето било пронајдено под плочата тешка два тона која се срушила одозгора.

Текстот Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа е превземен од МАКФАКС.