Директорот на институтот Гамалеја: „Спутник В“ штити од британскиот и јужноафриканскиот вид

пред 3 години

Руската вакцина против коронавирус „спутник В“ штити од новите видови од Велика Британија и Јужна Африка, изјави денеска Александар Гинцбург, директор на Институтот за истражување „Гамалеја“.

„Вакцината е тестирана против британскиот вид – 100 проценти заштитува. Исто така штити од јужноафриканскиот вид и ние продолжуваме да ја проучуваме”, рече Гинцбург.

Мутантните форми на вирусот од Велика Британија, Јужна Африка и Бразил претходно предизвикаа загриженост низ целиот свет за време на новиот бран на пандемија во многу земји.

„Спутник В“ беше регистриран за употреба во Русија во август минатата година, а досега оваа вакцина е одобрена во 58 земји.

Share
Scroll to Top