Директорoт на СЗО за Европа: Епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

пред 4 години

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека епидемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година.

Во интервју за данската државна телевизија ДР, Клуге истакна дека и 2021. ќе биде година на Ковид-19, но година во која ќе биде многу полесно да се справуваме со епидемијата во споредба со 2020 година.

Клуге верува дека најлошото сценарио е зад нас и дека има повеќе податоци за вирусот во споредба со 2020 година, кога за прв пат почна да се шири.

Истакнувајќи дека никој не може однапред да го знае развојот на епидемијата, Клуге направи свое предвидување: „Мислам дека епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година“.

„Сè уште ќе има вируси, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Ова е оптимистичка порака“, рече Клуге.

Зборувајќи за мутациите на Ковид-19, Клуге објасни дека мутациите се нормални и дека вирусот се обидува да се прилагоди на заразеното лице, но дека брзото ширење на мутациите го загрижува.

Тој рече дека внимателно следат колку се ефикасни вакцините развиени против Ковид-19 поради стапката на ширење на мутациите на Ковид-19. Нагласувајќи дека мутациите нема да го исфрлат вирусот од контрола, Клуге истакна дека тие многу сериозно ги сфаќаат мутациите.

Share
Scroll to Top