Портпаролката на Европската унија Набила Масрали денеска изјави дека и Белград и Приштина го потврдиле учеството во утрешната рунда од дијалогот за нормализација на односите.
Масрали на редовната прес-конференција рече дека двете страни го потврдиле учеството во разговорите кои ќе започнат претпладне.
Според неа, тие ќе разговараат за регулативата на Централната банка на Косово за готовинските плаќања.
Текстот Дијалогот меѓу Белград и Приштина продолжува: „Двете страни го потврдија учеството“ е превземен од МАКФАКС.