Договорен состанок во Тирана за регионална енергетска координација пред грејната сезона

пред 3 години

Енергетската кординација во пресрет на следната грејна сезона беше една од темите на вчерашниот онлајн состанок на Отворен Балкан, на кој присуствуваше и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Договорено е во средината на месецот во Тирана да се одржи состанок на претставници на енергетскиот сектор од Северна Македонија, Србија и Албанија, за заедничка платформа за кризната состојба во регионот и обезбедување на доволни количини на енергија за зимскиот период.

Енергетската криза се разгледуваше на вчерашниот состанок на премиерите Ковачевски, Рама и Вучиќ како една од главните точки на состанокот, покрај евроеинтеграциите, странските инвестиции и активностите за слободен проток на луѓе и стоки меѓу трите земји.

Share
Scroll to Top