Немам намера да одговорам на поканата на Обвинителството на БиХ за сослушување, изјави српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, по информацијата дека извештајот против него е еден од 29-те пријави поврзани до негирање на геноцид и воени злосторства.
Формирање на предмети според наметнати измени на Кривичниот законик на БиХ, Додик го гледа како патека што води кон распад на БиХ.
Тој повтори дека секој граѓанин на Република Српска, кој е малтретиран поради наметнатите одредби од Кривичниот законик на БиХ, ќе биде заштитен.
„ Немам намера да одговорам на нив или на кој било друг, но имам намера да одам во Сараево. Многу ме интересира како ќе се однесуваат. Не го признаваме тој суд, не ги признаваме нивните активности, никогаш нема да ги признаеме, ако мислат дека имаат моќ да не апсат, тогаш нека почнат, нема на друг начин. Секој граѓанин на Република Српска, кога ќе дознаеме дека поради тоа бил малтретиран, ќе биде заштитен“ изјавил Додик.
Обвинителството на БиХ објави дека досега се поднесени 29 пријави по таа основа, а меѓу нив е и извештајот против Милорад Додик. Република Српска се противи на наметнатите измени на законот.