Случајот „Иконa“ е класичен спин создаден од министерката за надворешни работи во Советот на министри на БиХ, Бисера Турковиќ, рече Милорад Додик.
Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Додик, денес беше сослушан во Обвинителството на БиХ како сведок во случајот „Икона“.
Тој посочи дека во тој случај нема инкриминирано дело и нема обвинение.
„Очигледно дека ова е класичен спин создаден и пласиран во јавноста од министерката за надворешни работи во Советот на министри, Бисера Турковиќ“, рече Додик и повтори дека иконата не ѝ припаѓа на Украина.