Доктор од Газа: Користат фрагментарни проектили, ампутирани се најмалку 700 деца

Доктор од Газа: Користат фрагментарни проектили, ампутирани се најмалку 700 деца

пред 1 година

Британско-палестинскиот хирург Гасан Абу Сита на прес-конференција изјави дека за време на нападот на Газа биле користени фрагментарни проектили, кои предизвикале повреди кај пациенти што често резултирале со ампутации, пишува „Скај њуз“.

До петтиот ден од нападот половина од оние што ги оперирал биле деца.

Тој проценува дека за време на конфликтот во Газа биле ампутирани екстремитети на 700 до 900 деца.

Раскажа како израелската армија порачала болницата да се евакуира во бегалскиот камп „Џабалија“ и му кажала на директорот дека медицинската установа тоа да го направи во рок од два часа бидејќи ќе биде една од целите.

Текстот Доктор од Газа: Користат фрагментарни проектили, ампутирани се најмалку 700 деца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top