„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство

пред 3 часа

Министерството за внатрешна безбедност на САД објави графика слична на божиќна честитка на X, повикувајќи на депортација на луѓе кои се во САД без регуларен статус.

„Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, пишува во статусот, со линк до официјалната веб-страница на Царинската и гранична заштита на САД.

Графиката прикажува воен транспортен авион на писта со новогодишни детали. „Сезона е на масовни депортации“, пишува на графиката.

Соопштението е дел од поширока комуникациска кампања на Министерството за внатрешна безбедност за промовирање построги имиграциски политики и охрабрување на луѓето во Соединетите Држави без регуларен статус доброволно да ја напуштат земјата.

Текстот „Драги нелегални имигранти, вратете се дома за празниците!“, порача американско министерство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top