Драматичен раст на бројот на тешко заболени бремени жени со Ковид-19 во Италија, лекарите повикуваат на вакцинација

пред 3 години

Бројот на бремени жени во Италија кои се во болница во сериозна состојба предизвикана од Ковид -19 драматично се зголемува, како и бројот на предвремено родени бебиња, затоа италијанските виролози и гинеколози апелираат до сите бремени жени веднаш да се вакцинираат по три месеци од бременоста.

Две од три бремени жени во Италија одбиваат да се вакцинираат од страв од последиците од вакцинацијата. Низ целата земја, одделенијата за Ковид, како и одделите за интензивна нега во болниците, се полни со бремени жени кои не се вакцинирани, што често има сериозни последици за децата кои се родени со царски рез порано отколку што треба.

По апелот на италијанските гинеколози, италијанското Министерство за здравство издаде документ во кој јасно се објаснува дека вакцинацијата нема контраиндикации во бременоста, но тоа не ги спречило многу лекари да ги советуваат своите пациенти да не се вакцинираат, бидејќи тие не сакаат да имаат никаква одговорност доколку некој од нив имал несакани ефекти.

Драматична ситуација се забележува на југот на земјата, каде што само во Катанија, во болницата Сан Марко, има четири бремени жени кои се борат за живот, пишува италијанскиот весник „Република“.

Share
Scroll to Top