Драматични сцени во Романија: голем пожар избувна во пансион, загинаа дете и четворица возрасни

Драматични сцени во Романија: голем пожар избувна во пансион, загинаа дете и четворица возрасни

пред 1 година

Голем пожар избувна во гостинска куќа во селото Тохани во Романија. Засега е познато дека загинале пет лица – дете и четворица возрасни, а на терен се голем број пожарникари.

Пожарникарите сè уште трагаат по уште три лица, меѓу кои и две малолетни лица. Сите исчезнати биле на првиот кат од зградата.

Туристите што престојувале на приземјето успеале да се евакуираат.

Бројот на загинатите во пожарот во пансионот достигна пет лица откако интервентните екипи од зградата извлекле уште едно возрасно лице.

Раководството на Генералниот инспекторат на романската полиција нареди испраќање тим експерти од Националниот институт за форензика, кои ќе поведат истрага по пожарот во гостинската куќа во Тохани.

„Поради големиот пожар од 26 декември, раководството на Генералниот инспекторат на романската полиција нареди испраќање тим специјалисти од Националниот институт за судска медицина за да почне истрага“, соопшти во вторникот романската полиција.

Во гостинската куќа имало вкупно 26 луѓе.

Текстот Драматични сцени во Романија: голем пожар избувна во пансион, загинаа дете и четворица возрасни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top