Драматично зголемување на бројот на новозаразаени со Ковид-19 во Германија

пред 3 години

Во Германија, бројот на новозаразени со коронавирусот драматично се зголеми на повеќе од 8.000 за еден ден, што последен пат беше регистрирано во таа земја на 21 мај.

Здравствените установи пријавиле до Институтот Роберт Кох (РКИ) 8.324 нови инфекции во последните 24 часа, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден.

Во последните 24 часа починале 22 лица, што е исто пораст во однос на минатиот период, со оглед на тоа што пред една недела имаше 14 смртни случаи заразени со коронавирус, велат здраствените експерти во таа земја.

Share
Scroll to Top