Во автобуска несреќа на влезот во тунел на автопат во близина на Барселона, во североисточна Шпанија, пет лица се повредени, од кои три потешко, соопштија денеска официјални лица.
Автобусот превезувал меѓу 50 и 60 текстилни работници во блиската фабрика кога се случила несреќата на автопатот Ц-32, околу еден час северно од Барселона, додале официјалните лица.
Службите за итни случаи за регионот на Каталонија соопштија дека три лица во критична состојба се префрлени со хеликоптер во болница во Барселона, а уште две лица се префрлени во локална болница, пренесува АП.
Сообраќајните власти го затворија автопатот за сите возила што се движат кон север.
Текстот Драма кај Барселона: во несреќа повредени пет лица, тројца во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.