Драма на аеродромот во Загреб, патнички авион принудно слета откако му откажал мотор

пред 3 години

На аеродромот во Загреб беа повикани пожарникари за помош поради дефект на еден мотор на патнички авион, известуваат хрватските медиуми.

Инцидентот е пријавен од аеродромот во Загреб.

Според информациите на Хрватските воздухопловни навигациски служби, авионот „Ербас 320“ на авиокомпанијата Ер Каиро на летот „MSC2980 Хургада – Дизелдорф“ денес во 15:30 часот побарал итно слетување на аеродромот „Фрањо Туѓман“.

Сите служби на аеродромот во Загреб дејствуваа во согласност со важечкиот план за итни случаи и пропишаната процедура во такви ситуации. По слетувањето на авионот, патниците беа сместени во транзитот на патничкиот терминал на аеродромот „Фрањо Туѓман“, каде што чекаат дополнителни инструкции од авиокомпанијата “, напишаа од таму.

Според нив, авионот безбедно слетал на аеродромот, каде бил пречекан од пожарникарите.