Дрво падна на игралиште во Германија, тешко повредени мајка и дете

пред 3 години

Мајка и двегодишнo дете се тешко повредени во несреќа кога дрво паднало врз нив на игралиште во Аугсбург, Германија.

Дрвото со дијаметар од околу 80 сантиметри паднало врз жената и нејзиното дете, па тие биле заглавени. Пред да пристигнат спасувачите, вработените во компанија што се наоѓала во близина на игралиштето, истрчале да помогнат.

Тие со телескопски фаталки го подигнале дрвото и ги ослободиле мајката и детето, објави германскиот медиум „Шпигел“.

Мајката и момчето набрзо биле пренесени во болницата, а според првите информации и двајцата биле тешко повредени.

Тимот за кризна интервенција вели дека засега не е јасно како паднало дрвото.

Share
Scroll to Top