Дрога пронајдена на 11 места во британскиот парламент – кокаин имало и во тоалетот до кабинетот на Борис Џонсон

пред 2 години

Управните тела на британскиот парламент ќе повикаат полиција откако лондонскиот весник објави дека на многу места во Собранието се пронајдени траги од кокаин, пренесува АП.

Претседателката на Собранието Линдзи Хојл изјави дека ќе контактира со полицијата откако „Сандеј тајмс“ објави дека во зградата на парламентот се појавила дрога.

Во извештајот на весникот се вели дека тестовите за откривање дрога откриле траги од кокаин на 11 локации каде пристап имаат само пратениците, вработените и новинарите, а меѓу локациите наводно е и тоалет во близина на канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.

„ Наводите за употреба на дрога во парламентот се длабоко загрижувачки и за тоа ќе разговарам со градската полиција оваа недела. Очекувам да видам целосна примена на законот“, рече Хојл.

Портпаролот на Џонсон, Макс Блејн, исто така рече дека извештаите се загрижувачки.

Share
Scroll to Top