Дуда: Подготвени сме да се браниме од Русија

пред 2 години

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека неговите сонародници се плашат од можен руски напад врз нивната земја.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Сепак, вели дека имаат искуство во војни со нив и дека се подготвени да се бранат.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Дуда најави и дека инвестициите во одбранбените капацитети на земјата ќе продолжат и во наредниот период, кои ќе бидат над 2 отсто колку што бараат земјите-членки на НАТО.

Тој, исто така, им се заблагодари на своите сонародници за помошта што им ја пружиле на повеќе од два милиони Украинци кои моментално живеат во Полска од почетокот на руската инвазија на оваа земја.

Share
Scroll to Top